Годинешното, 35-то издание на „Touch of Paris„ (@DODIRPARIZA) ,Меѓународниот конгрес и саем за козметика, нега на коса, естетика и здравје, ќе се одржи од 21 до 30 ноември 2020 година во модифициран формат – дигитален и виртуелен, претставувајќи целосно ново искуство кое нуди брзо поврзување со клиенти и партнери од целиот свет.

Водени од филозофијата дека големите кризи носат големи промени, организаторите дизајнираа платформа што повторно ќе ја поврзе целата #beauty заедница со помош на разни програми, дигитални каталози, онлајн продавници, виртуелни штандови, вебинари, за изложувачите да имаат можност да се претстават на најдобар начин, за така брзо и лесно да стапат во контакт со посетителите и партнерите од земјата, регионот и пошироко.

Поканети се дистрибутери од Русија, Казахстан, Азербејџан, Нигерија, Уганда, Кина  и други земји на чиј пазар е можно да пласираат производи на саемските изложувачи. Директната комуникација со меѓународните дистрибутери е наменета само за изложувачите на саемот.

Саемот всушност е добро организирана веб-страница, преку која посетителите лесно се движат и преку едноставно и брзо пребарување го наоѓаат бараното. Поддржана е од добри платформи за разговор и видео комуникација, како и можност за прием на голем број посетители истовремено.

Саемот е наменет е за производители, експерти, дистрибутери на козметика, претставниците на велнес центри, аптеки, салони за убавина и фризерства, како и продавници за здрава храна. Деталите за следењето се на сајтот www.sajamkozmetike.com.

You may also like

Comments are closed.