Зад Showstars, фирмата организаторот на годинешниот дигитален Гранада Fashion Week, како и зад  претставувањето на Шпанија во Европскиот моден совет (European Fashion Council), и во сите медитерански земји од ЕФЦ (EFC), стои потписот на еден човек – Julio César Battaglia

За себе вели дека се чувствува како дете на светот, без всушност да припаѓа на кое и да е место. Освен бројните менаџерски ангажмани, дизајнер е и на европскиот бренд Батаглија (Battaglia).

Julio César Battaglia

Роден во Аргентина, Шпанец по мајка, Италијанец по татко, оженет со Германка живее помеѓу Германија и Шпанија. „Живеев во многу земји, па и моите корени се во многу градови на кои им го должам човекот кој сум денес, вели Батаглија. Дипломата во сверата на физичкото образование ја има надградено со магистратура по социјална психологија и докторат во моден дизајн.

Првиот дигитален Гранада Fashion Week, што почува на 14 ноември, како и работата за европските брендови Showstars и Battaglia се повод за разговорот за МодаМода.мк.

Благодарение на долгогодишното искуство со луѓе од различни култури и мода од различни земји, нов индивидуален стил, Julio Cesar Battaglia  со Батаглија создава концепт што овозможува оригиналност, стил, елеганција и индивидуалност, според мотото „создадено специјално за тебе“.

МодаМода.мк: Кажете ни нешто повеќе за претстојниот моден настан, Гранада Модната Недела, како и за организаторот –  Showstars, чиј прв човек сте, г-дине  Battaglia?

Работиме без прекин, за на 14 ноември Модната Недела на Гранада 2020 да блесне во полн сјај. Ќе настапат 40-тина креатори ширум светот. Оваа година, со оглед на околностите, настанот ќе се одржи целосно во виртуелен формат. Инаугуративниот настан на Модната недела е на 14 ноември во 15:00 часот и ќе може да се следи во живо на YouTube, на каналот на  Showstars, како и на Фејсбук страницата на промоторот.

 МодаМода.мк: Како би го опишале Showstars?

Организаторот на Гранада модната недела, како и на другите модни недели е Showstars, европски бренд, познат во светот на настаните, по модните ревии, по застапувањето на спортисти, модели и уметници. Концептот е создаден пред две децении и не дефинира како создавачи на приказни, во свет во кој се потребни приказни, експресии, емоции…

Поради моите студии влегов во светот на професионалниот спорт, и тоа во Првата Национална Soccer Дивизија во Германија, во тимот на Борусија Менхенгладбах (Borussia Mönchengladbach).

Патеките на животот се неверојатни:- поради студиите за моден дизајн, во Келн отворив модна агенција во која, освен постојните врски со ѕвездите од светот на фудбалот, решив да се вклучам и во светот на забавата, со агенција за модели, како и со франшизи за избори на убавина. Потоа Showstars го вклучував во различни кластери како оние за облека, накит, креми, парфеми, телевизија, настани и комерцијален сектор.

Мотото на Showstars е  “Modeling an illusion. Illusion become’s reality”. Сакам овој бренд да е идеална платформа за модели, за уметници, за дизајнери, за кога ќе зборуваат за Showstars, зборуваат за вистинско искуство, незаборавни моменти, за чувство на професионален успех. Чувствувам дека имам постигнато многу повеќе отколку што имав намера да постигнам.

TM ”, Granada Fashion Week, Cordoba Fashion Week, Badajoz Fashion Week, La RIoja, Marbella Fashion Capital, Marbella Fashion Day, Marbella Fashion Night, Marbella de Moda, како и на Puerto Banús Fashion Week и компанијата Puerto Banús.       

МодаМода.мк: Го дизајниравте брендот Батаглија. Кои беа поривите и како денес е позициониран концептот Батаглија?

Со векови, луѓето користат различни видови облека за да разбудат чувства, карактер и спомени, за да ја зајакнат и истакнат нивната личност.

Што ни прави модата, а што ни нудат модните  дизајнери? Какви чувства, спомени или илузии има секој од нас во рамката за слика наречена мода? Тоа беше главниот предизвик за Батаглија, италијанско име што се преведува како „битка“, затоа што претставува моја битка со пораз. Да им бидеме верни на нашите илузии во облекувањето – во илузијата и во соништата за модата.

Облеката на Батаглија е единствена и неповторлива. Концептот се базира на генетска човечка ДНК, како единствен генетски код што нема да се повтори во изминатите 10 и во следните 10 генерации. Затоа и мотото на Батаглија е дека создава „специјално за вас„!

 

МодаМода.мк: Каква е соработката со македонските дизајнери – има ли простор за нивна промоција во рамките на претстојните модни недели?

На 14 ноември на Модната Недела на Гранада јавноста ќе има можности да проследи творештво на  40-тина креатори ширум светот. Нема причина меѓу нив да се и македонските дизајнери. Ја имаат мојата покана, еве и преку МодаМода порталот, да настапат на модните недели што ги организираме.  Целосно виртуелниот формат овозможува безгранична промоција. Граната Модна Недел ќе може да се следи во живо на YouTube,  каналот на  Showstars и на Фејсбук страницата на промоторот. Ј.П.

You may also like

Comments are closed.