Мода вестиМоден мозаик

LUNA нуди впечатлива, но префинета есенската колекција

Luna

Српската модна куќа LUNA ја претстави својата есенската колекција за современата жена која од својата гардероба очекува елеганција, удобност и впечатлив, но префинет изглед. Во фокусот се парчиња што лесно се вклопуваат во деловниот гардеробер, но и во различни секојдневни и свечени пригоди.

lunaКолекцијата носи внимателно обликувани силуети, со нагласена линија на сакоа, панталони со висок струк, здолништа и елегантни блузи. Посебно место имаат комплетите, кои овозможуваат едноставно стилизирање и создаваат уреден изглед без потреба од многу дополнителни детали.

Во колекцијата има и сетови во посуптилни нијанси, како и модели со текстури и дискретни декоративни детали кои внесуваат женственост во деловниот изглед.

lunaПалетата бои и кроевите се замислени парчињата да можат меѓусебно да се комбинираат, создавајќи различни изгледи за работниот ден, деловните средби, но и за попладневни или вечерни пригоди. Покрај сакоата и панталоните, понудата опфаќа фустани, кошули, здолништа, палта и чизми, за заокружување на есенскиот изглед.

lunaLUNA, која е основана во 1990 година во Пожаревац, својата естетика ја гради околу женственоста, елеганцијата и потребите на современата жена. Самата модна куќа ја издвојува деловната жена како една од своите главни инспирации и нагласува дека создава модели што го следат ритамот и потребите на модерната жена.

Со есенската колекција 2026, LUNA продолжува токму во таа насока – класичните елементи на деловното облекување ги спојува со современи кроеви и детали, создавајќи гардероба која изгледа женствено и професионално, но истовремено останува практична за секојдневното носење./M.M.

luna

You may also like

Comments are closed.