ВестиКултура на живеење

Осмото издание на STAGE 2026

STAGE 2026

Скопје во сабота ќе биде домаќин на 1.200 танчери од 14 држави

Скопје в сабота, 7 ноември, ќе биде домаќин на осмото издание на Интернационалниот танцов натпревар STAGE 2026, кој во Националната опера и балет ќе собере над 1.200 учесници од 14 држави. На настанот ќе учествуваат 37 танцови клубови и балетски студија од Европа, со повеќе од 320 танцови настапи на двете сцени.

Програмата ќе опфати различни танцови дисциплини и стилови, меѓу кои класичен и современ балет, џез, модерен и шоу-танц, како и урбани танцови правци. Посебен акцент годинава ќе биде ставен на групните кореографии, формациите и продукциите, со што ќе се отвори поголем простор за сценско творештво, тимска работа и уметнички израз.

STAGE 2026Натпреварувачката програма ќе се одвива од 9 до 19.30 часот, истовремено на двете сцени во Националната опера и балет. Завршницата на манифестацијата е предвидена со свечената STAGE Gala, која ќе започне во 20 часот. Влезот за публиката е бесплатен, а посетителите ќе имаат можност да ги проследат најдобрите настапи и доделувањето на признанијата и специјалните награди, за кои ќе одлучува меѓународно стручно жири.

– Со секое ново издание STAGE ја потврдува својата мисија да ги обединува младите генерации преку уметноста, да ги поврзува различните култури и да ја промовира Македонија како земја на култура, талент и инспирација. Особено сме горди што годинава во Скопје ќе донесеме над 1.200 учесници од 14 држави и 37 танцови клубови и балетски студија од Европа – вели Тамара Ѓурчиновска, основач и директор на STAGE International Dance Competition.

STAGE 2026

Настанот е во организација на „Арт Балет“, со поддршка од Министерството за култура и туризам.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.