Како би се опишале себеси Ена – своите почетоци, поривот за создавање, премрежјата, она што ве одржало и насочило кон успехот?

Како креативен ум и free spirit, во принцип се прилагодувам и ги прифаќам предизвиците кои се поставуваат на мојот пат, потребата за знаење, за спознавање на своите граници и надминување на истите е она што до сега ме воделе од секогаш низ животот, спонтано и природно насочувајќи ме кон различни полиња на истражување на својата креативност. За мене креативната работа е токму она што го задоволува оној порив секојдневно да се создава нешто ново и единствено.

Enna INKE.D tattoo

Каде го стекнавте вашето образование / едукации, првите креативни искуства?

Јас сум дипломиран дизајнер на отсек дизајн и мултимедија, цртањето е неизоставен дел од мојот живот уште од детството. Кон тетовирањето природно гравитирав, пред се кон предизвикот платно да биде човечкото тело и да се создаде нешто безвременско, како за мене како артист така и за клиентите чии што желби и спомени ги преточувам во траен белег со уметничка вредност.

За највпечатлив личен успех во создавањето ја сметам насмевката на задоволното лице на секој кој си заминува со моето дело.

Илустрација од Ена Димовска

Илустрација од Ена Димовска

 

 

 

 

 

 

 

Како би го опишале вашиот стил и инспирацијата

Neo-traditional е стилот на тетовирање кој мене ме привлекува лично, во однос на илустрациите, уметничките слики и дизајните кои ги изработувам, си поигрувам со повеќе елементи и стилови, и преферирам темни и мистериозни теми и надреализам. Инспирацијата ја црпам од внатрешниот свет, теми кои ме фасцинираат од минатото, астрологија, универзумот.

Тетоважи – Ена Димовска

Дали може да се живее од професијата тату артист?

Секако, оваа професија во последните години е во исклучителен подем, бидејќи живееме во време каде повеќе не е табу тема тетовирањето и се повеќе луѓе се охрабруваат да го обележат своето тело на овој начин.

Можете ли да ни кажете нешто за идните планови?

Со оглед на глобалната состојба, повеќето планови на сите ни се на stand by, најважно е безбедно да се помине следниот период и наместо маски да гледаме повеќе насмевки.

You may also like

Comments are closed.