Моден мозаикУбавина вести

Dries Van Noten co нов ориентален парфем

Dries Van Noten го претстави Velvet Violet, новиот ориентален парфем за неа и него. – Мирисот го креира парфимерот Гаел Монтеро, кој сакал да го оддалечи цвеќето на љубовта од вообичаениот носталгичен и пудрест карактер.

Velvet Violet припаѓа на дрвенесто-цветната група, а композицијата е замислена како игра на светлост и темнина. Во прв план е темјанушката со зелен, свеж и дискретно цветен карактер, нагласена со розов бибер. Во срцето се појавуваат печени сусамови семки и јачмен, кои му даваат топлина и текстура на мирисот, додека ветиверот и тонката во базатасоздаваат подлабок и помек завршеток.

Впечатливо е и шишето – изработено од полупроѕирно стакло во темновиолетова боја, со графички мотив инспириран од сусамовите семки на основата.

Velvet Violet е достапен во пакување од 100 милилитри по цена од 350 долари, а на пазарот е лансиран во октомври годинава.
Velvet Violet ја продолжува естетиката на Dries Van Noten Beauty преку неочекувани состојки, интензивни бои и дизајн што парфемот го претвора во мал уметнички предмет.

 

Со новиот парфем е претставена и мала beauty-колекција на три нијанси кармини како и необичните Lip Sheets – миризливи листови за усни наменети за експериментирање со интензитетот на бојата.

Фото: Dries Van Noten

You may also like

Comments are closed.