Мода вестиМоден мозаик

Louis Vuitton го облекува Real Madrid

Француската модна куќа за шпанскиот клуб создаде новата свечена гардероба, како и облеката за патување за сезоната 2026/2027.

Француската модна куќа Louis Vuitton ја продолжува соработката со Real Madrid, претставувајќи ја новата свечена гардероба, како и облеката за патување за играчите на машкиот и на женскиот фудбалски тим и машкиот кошаркарски тим за сезоната 2026/2027.

Соработката е започната лани, кога Louis Vuitton стана официјален кројач на клубот и ја дизајнираше гардеробата што тимовите ја носеа во текот на минатата сезона. Новата колекција се надоврзува на претходната, но носи и низа нови парчиња и додатоци.

Во свечената гардероба остануваат костумите од минатата сезона, дополнети со нова сини кошули со бели и сини пруги и беж поло-маици. Новитет е кашмирското зимско палто од постојаната колекција на Louis Vuitton, со марама украсена со препознатливиот монограм на куќата. Зимското палто има и извезен грб на Real Madrid, со иницијалите LV и персонализирана етикета со имињата на клубот и на модната куќа.

За патувањата е дизајнирана нова реверзибилна јакна, како и џемпер, украсени со логото на модната куќа и на славниот клуб. Колекцијата вклучува и нови додатоци, меѓу кои се ремените LV Dimension и Frog и темносините капи.

Новата гардероба е создадена во машкото студио на Louis Vuitton, под креативно раководство на Фарел Вилијамс, а инспирацијата е поврзана со колекцијата Louis Vuitton Trunk, претставена во февруари годинава. Новите парчиња се комбинирани со делови од ланската гардероба, со што се задржува препознатливиот стил на куќата. Парчињата дизајнирани специјално за играчите и претставниците на клубот не се достапни за продажба.

Според медиумските извештаи, вредноста на спонзорскиот договор меѓу Louis Vuitton и Real Madrid се проценува на околу седум милиони евра годишно, иако финансиските услови не се официјално објавени.

Фото: Louis Vuitton

You may also like

Comments are closed.