Мода вестиМоден мозаик

Serbia Fashion Week од 27 до 31 октомври во Нови Сад

fashion week

Повеќе од 50 модни дизајнери од светот ќе учествуваат на петдневната манифестација, која ќе ги поврзе современиот дизајн, уметноста и традиционалните занаети.

Serbia Fashion Week 2026 ќе се одржи од 27 до 31 октомври во Нови Сад, со програма што ќе биде реализирана на повеќе локации во градот. Најавени се ревии, изложби, меѓународна конференција и претставување на млади модни таленти, со посебен акцент на поврзувањето на современиот дизајн со културното наследство.

Свеченото отворање и првите ревии ќе се одржат во Српскиот народен театар, додека централниот дел од програмата, изложбените простори и меѓународната конференција „CRAFT – Убавина без граници“ се предвидени во Мастер-центарот на Новосадскиот саем. Музејот на Војводина ќе биде домаќин на дел од придружната уметничка програма и историските поставки.

Организаторите најавуваат учество на повеќе од 50 дизајнери, меѓу кои и индиската модна креаторка Рина Дака, чии модели ги носеле Наоми Кембел и Ума Турман. Манифестацијата ќе ја отвори српската дизајнерка Сузана Периќ, а меѓу најавените учесници се и Nina Rajak Atelier и Loris Eter. Програмата ќе вклучи и меѓународни модни платформи и млади таленти, победници на светски натпревари од Кина и Русија. Посебен дел од програмата е изложбата „FUTURE FORMS“, која, според најавата, пристигнува директно од Париската модна недела.

Претседателката на Serbia Fashion Week, Светлана Хорват, истакнува дека годинашниот концепт е насочен кон спојување на современите модни практики со традицијата и културното наследство, како и кон отворање простор за младите дизајнери да се претстават пред меѓународната публика./M.M.

You may also like

Comments are closed.