Сопственикот на Twitter, Elon Musk, објави дека платформата за социјални медиуми ги променила името и логото во X , за да ги „отелотвори несовршеностите во сите нас“.

Musk, кој минатата година го купи Twitter за 44 милијарди долари, промената на името и на логото ја соопшти вчера, на23 јули. Во првиот твит тој напиша: „И наскоро ќе се поздравиме со брендот на Twitter и, постепено, со сите птици“.

Според извршната директорка Linda Yaccarino, X е идната состојба на неограничена интерактивност – центрирана во аудио, видео, пораки, плаќања/банкарство. Претставува создавање на глобален пазар за идеи, стоки, услуги и можности. Напојуван од вештачка интелигенција, X ќе не поврзе сите на начини кој штотуку почнуваме да го замислиме.

Musk објаснува и дека X треба да ги „отелотворува несовршеностите во сите нас – што нè прават единствени„. Појаснува дека доколку Х во стилот е блиску до нешто, тоа секако е art deco./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.