Третата и четвртата придружничка титула, како и признанието за најдобар фото-модел, се дел од успехот на македонските претставници на изборот што се одржа во Тбилиси
Македонските претставници Катарина Јовановска и Јасмин Мустафоски остварија забележителен успех на светскиот избор за убавина Miss & Mister Planet 2026, кој минатиот викенд се одржа во Тбилиси, Грузија.
Во женска конкуренција, Македонија ја претставуваше Катарина Јовановска од Тетово, која ја освои титулата Трета придружничка. Кај машките натпреварувачи, Јасмин Мустафоски од Охрид освои две признанија – Четврти придружник и Најдобар фото-модел.
Титулата Мис Планет 2026 ѝ припадна на претставничката на Романија, додека за Мистер Планет беше прогласен претставникот на Индија.
Катарина и Јасмин се членови на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој меѓународен избор на убавина, на кој се избираат најуспешните претставници во женска и машка конкуренција.
Студио Црнокрак






