Нема да дозволиме машки натпреварувачи, изјави покровителката на натпреварот Miss Italia 2023 Patrizia Mirigliani за италијанското Radio Cusano. Само биолошки жени можат да учествуваат на натпреварот за убавица на Италија.

Изјавата на Mirigliani доаѓа по веста дека маж кој се изјаснува како трансродова личност победил на изборот за убавина на Miss Netherlands 2023 и дека тоа бил повод и на Miss Italia 2023 да се јават две трансродови лица, што е одбиено од страна на покровителката на годинешниот избор.

Patrizia Mirigliani е на чело на Miss Italy 2023 и, според нејзината регулатива, односно додека е во сила нејзиниотДеловник, ваквата одлука останува, кога се во прашање трансродовите лица. Таа посочува и дека од основањето наИзборот за убавица на Италија, усвоена е регулатива која содржи појаснување според кое за да се учествува, мора да се биде „жена од раѓање„. Ваквата одредба е ставена веројатно затоа што дури и тогаш се предвидувале можни модификации.

Според Mirigliani, само жени, биолошки кажано, можат да учествуваат, а не оние кои се доживуваат себеси како такви.

Mirigliani посочи и дека нема ништо против трансродовите луѓе, но дека не верува дека регулативите треба да се променат за да им се дозволи на мажите идентификувани како трансродови да учествуваат на женски натпревари.

Mirigliani ја брани приказната за Miss Italy посочувајќи дека се направени убави работи за светот на жените, направенипромени и пренесени вредности. Сега Miss Italy е нападнатизбор затоа што искрено одговорив на едно прашање, вели таа. Да им кажев да на трансродовите луѓе – ќе ме критикуваа, реков не и – ме критикуваат. Почитувајте ја мојата слободна и неполитизирана мисла, заклучува Mirigliani./М.М.

You may also like

Comments are closed.