Icon of the Seas на Royal Caribbean International е гигантски крузер. Компанијата го опишува како футуристички брод за крстарење и како вселенски брод во вода. Долг е 365 метри и тежок 250.800 тони, што е пет пати повеќе од тежината на легендарниот Титаник.

Во бродоградилиште во Финска завршена е изградбата на крузерот „Icon of the Seas“, а првото лансирање на море се случи на 22 јуни. За време на првиот циклус на испитувања Icon of the Seas помина стотици милји, при што беа тестирани главните мотори, трупот, системите за сопирање, управувањето, нивото на бучава и вибрациите. „Се е направено навреме како што е опишано во распоредот и покрај тоа што поаѓањето доцнеше поради неповолните ветрови“, се вели во соопштението на компанијата.

Icon of the Seas ќе плови по источните и западните Кариби од Мајами, во текот на целата година. Неговото прво патување е закажано за јануари 2024 година. Според проценките, ќе може да прими 5.610 патници и 2.350 членови на екипажот, на вкупно 20 палуби и 28 различни видови сместување. Бродот има 7 базени, 9 топли кади, терен за голф, ѕид за качување, кафулиња, барови, клубови, ресторани и најголем воден парк на брод, со највисок воден тобоган.

Што се однесува до трошоците, најевтиниот билет чини 1.850 долари за седумдневно крстарење од Мајами до Западните Кариби во септември следната година, а најскапиот е 10.864 долари за апартман со поглед на океанот на истото крстарење во март.

Иако моментално се рангира како најголем брод за крстарење во светот, титулата во моментов официјално ја носи уште еден гигантски меѓународен брод на Royal Caribbean, „Wonder of the Seas“. Првото патување го имаше минатата година и е нешто пократко, поточно 362 метри и со само 18 палуби за истражување./М.М.

За да се долови атмосферата на крузерот подготвено е посебно видео,што може да се види на следниот линк:https://www.royalcaribbean.com/icon-of-the-seas

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.