Иако Pantone уте ќе ја објави својата селекција за 2027 година, бројните центри за предвидување трендови, производители на бои, модни компании и дигитални платформи веќе ги претставија своите фаворити.
Шведскиот бренд IKEA ја претстави својата боја на 2027 година – Wild Fig, темна црвеникаво-виолетова нијанса. Таа е дел од американскиот Style Guide на компанијата за следната година, но љубителите на дизајнот веќе ја забележаа во една од најбараните светилки од новата PS Collection, создадена со холандскиот дизајнер Лекс Пот.
Изборот на IKEA е уште еден показател дека концептот „боја на годината“ денес има поинакво значење. До неодамна прашањето имаше релативно едноставен одговор. Се чекаше Pantone да ја објави својата годишна селекција, а избраната боја стануваше главен визуелен знак на годината – од модата и убавината до ентериерот, дизајнот и рекламирањето. За 2027 година, меѓутоа, приказната е многу посложена: наместо една боја, добиваме десетици.

И додека Pantone уте ќе ја објави својата селекција за 2027 година, бројните центри за предвидување трендови, производители на бои, модни компании и дигитални платформи веќе ги претставија своите фаворити.
Во меѓувреме, производителите на бои тргнаа во свои насоки. Sherwin-Williams за 2027 ја избра Celery, мека зелена со жолти нијанси, додека Behr се определи за Grounded, земјена маслинесто-зелена.

Само кај овие брендови веќе имаме цела палета на „бои на годината“ – од светла целер-зелена и маслинеста до сина и темна зелена. Benjamin Moore, дополнително, околу Webster Green изгради цела палета од осум бои, што покажува дека и самиот концепт се поместува од една – кон поширока приказна за расположението и начинот на живеење.
Така, наместо еден заеднички избор, добиваме широка палета – од светлозелена и маслинеста до сина, розова и темнозелена. Секоја компанија има своја прогноза, своја публика и своја визија за тоа какви бои ќе го одбележат следниот период.

Причината за оваа промена во голема мера лежи во начинот на кој денес се создаваат и шират трендовите. Некогаш модниот систем имаше релативно јасен центар: големите модни куќи, сезонските колекции и специјализираните тренд-бироа имаа значително влијание врз изборот на боите, а институции како Pantone беа меѓу најважните авторитети.
Денес, Instagram, TikTok и другите дигитални платформи создаваат поинаква слика. Алгоритмите не им ги прикажуваат на сите корисници истите содржини, туку ги препознаваат нивните интереси и им создаваат сопствен визуелен свет. Едни следат зелени нијанси и природна естетика, други ја откриваат сината, трети розовата или кафеавата. Сите истовремено можат да бидат уверени дека токму нивната боја е најактуелна.

Така се создаваат микро-трендовите. Одредена естетика на TikTok за кратко време може да добие своја палета, име, хаштагови, модни парчиња, шминка, ентериер и препознатлив визуелен јазик. Боите повеќе не мора да чекаат нова сезона за да стигнат до публиката. Нивната популарност се следи преку прегледи, споделувања, пребарувања и продажба.
Процесот дополнително го забрза и брзата мода. Компаниите што постојано нудат нови модели повеќе не мора да се обложат на една боја за цела сезона. Можат истовремено да понудат различни нијанси и преку реакциите на купувачите да откријат што најдобро се продава.
Затоа денес „бојата на годината“ сè помалку е едно задолжително правило, а сè повеќе предлог. Наместо една нијанса што ќе ги обедини сите, секој бренд, дизајнер и потрошувач може да избере своја. И можеби токму тоа е најголемата промена: повеќе нема една боја што го освојува светот, туку многу бои што истовремено го освојуваат секој одделно.





