На изборот за MISS TOP MODEL EARTH 2023, што минатиот викенд се оджа во Тбилиси, Грузија, две девојки од Македонија освоија титули.
Сара Дојчиноска ја освои титулата Втора придружничка, а Белисима Лукарова титулата Четврта придружничка. Победничка на изборот е претставничката на Украина, а Прва придружничка девојката од Казахстан.

Изборот се одржа во елитниот хотел BILTMORE во Тбилиси, во кој девојките беа и сместени и се подготвуваа за финалната вечер. Ова е нов избор: за прв пат се одржа, во организација на АYA PRODUCTION, од Бејрут, Либан, со тенденција да стане традиционален.

Двете наши учеснички се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за овој интернационален избор за убавина и модели. Девојките на изборот се претставија во креации на Елена Лука, специјално изработени за овој настан./M.M.

 

You may also like

Comments are closed.