Двата иконски бренда, Jimmy Choo и Jean Paul Gaultie се здружија за да ги спојат двата идентитета и покрај тоа што со децении уживаат во својата единствена индивидуалност. Вчера промовираната соработка ја истражува дихотомијата помеѓу лондонската и париската модна престолнина.

Лансирана на 18 октомври, со австралиската поп-кралица Kylie Minogue, снимена во архивскиот Gaultier, колекцијата ги миксира класичните кодови на Gaultier со модерноста на Jimmy Choo. Секој бренд има силна личност и двата споделуваат сензуалност, бунтовничка елеганција и модерна изработка. Со заедничките вредности на зајакнување, индивидуалност и женственост, резултатот е богат спој на две наследства – приказна за два града.

Wedge 110 е пример за аурата на соработката: во внатрешноста на плексиглас потпетицата се наоѓа клинената потпетица, на едната нога има ласерски гравиран Тур Ајфел, а на другата, Биг Бен, двете најважни знаменитости на секој град.

Колекцијата содржи 6шест модели на чевли кои постојано ги спојуваат архетипските кодови по кои секоја куќа е позната.

Модата за мене отсекогаш била соработка со креативци -истомисленици и чисто лично самоизразување, вели Minogue во изјавата по повод промоцијата. Jean Paul Gaultier и Jimmy Choo беа дел од моето модно патување и возбудена сум што работам со двајцата, за да ја прославам оваа исклучителна колекција. Тоа е спојување на нашите колективни истории, за да се создаде нешто свежо и ново“./M.M.

You may also like

Comments are closed.