ВестиКултура на живеењеУбавина вести

MISS WORLD NEW GENERATION 2026

Минатата недела во Фрушке Терме, Војводина, Србија се одржа првото издание на изборот за MISS WORLD NEW GENERATION 2026, на кој Македонија ја претставуваше 20годишната Срна Шекерова од Скопје, која направи голем успех освојувајќи го второто место, односно титулата Прва придружничка. Победничка е претставничката на Конго, а титулата Втора придружничка ја освои Русинката. 

Нашата Срна освои уште една титула, победи во натпреварот за Мис Талент со извонредна танчерска и вокална изведба.
Ова е нов интернационален избор за убавина, за прв пат се одржа, а лиценцата за Македонија ја поседува Модното студио Црнокрак, чив член е нашата Срна и преку кое таа настапуваше на изборот.


Таа на финалната вечер се претстави во национален фустан изработен од нашата модна креаторка Наташа Карчева.

You may also like

Comments are closed.