Лондонската модна недела (LFW), според познавачите и годинава беше повеќе центар за негување таленти, отколку настан направен според модните стандарди и нивото на модните нстани во Милано или Париз.

Така LFW се претвора во своевиден просперитетен кластер на домашни таленти, од Mowalola и Knwls, до Chopova Lowena, Chet Lo и Di Petsa, кои низ светот добиваат култни следбеници за водечките трендови. Дополнително, светски познатиот рапер Skepta повторно го лансираше својот бренд за облека со DH-PR,  со настан на кој беа присутни бројни ѕвезди, вклучувајќи ги Louis Theroux, Stormzy и Naomi Campbell.

По враќањето на распоредот по пандемијата во септември 2022 година, британската модна куќа Burberry стана главен ревијален столб во LFW. Тие, заедно со презентациите на индустриските лидери како JW Anderson, Simone Rocha, Richard Quinn, and Molly Goddard привлекува најголемо внимание од меѓународниот печат и купувачите.

Двата најочекувани слотови на LFW за пролетта 2024 година беа модните претставувања на JW Anderson и на Burberry. Додека новата колекција на JW Anderson моментално на TikTok има 3,5 милиони прегледи, закреативниот директор на Burberry, Daniel Lee се вели дека со прикажаното го зголемува рејтингот на модната недела. Ревијата на британската модна куќа беше залепена низ платформите на социјалните медиуми во Кина и ширум светот уште пред да започне модната недела.

Во рамките на лондонската модна недела (LFW) Британскиот моден совет (British Fashion Council – BFC) REBEL во Design Museum организира пригодна изложба на тема 30 години Лондон. Во прославата на трите децении на трансформативната Newgen програма – иницијатива која обезбедува поддршка на дизајнерите во подем преку финансирање и менторство -, изложени се речиси 100 изгледи од дизајнерите-учеснички. Големата изложба го слави неспоредливото наследство на Лондон како место за негување на модни визионери.

Давањето поддршка и приоритет на новите дизајнери преку поддржувачки иницијативи како што се непрофитниот инкубатор за таленти Fashion East и Newgen програмата на BFC го направија главниот град моден инкубатор. На пример, BFC Newgen ги прослави дизајнерите како Christopher Kane, Kim Jones и J.W. Anderson, додека Fashion East застана зад подемот на Simone Rocha, Yuhan Wang, Supriya Lele и Roksanda.

Според влијанието врз целните групи, бренд што најмногу напредувал е Mowalola. Откако се приклучи на Fashion East,во 2019 година, Mowalola собра бројни лојални следбеници на интернет поради нејзината нова панк естетика која успева да ја комбинира со храбри секси влијанија./M.M.

You may also like

Comments are closed.