Во деновите на неизвесноста, Olivier Rousteing денес со својот информатор потсети на колекцијата на Balmain претставена во претходното издание на Paris Fashion Week.
Наместо финални подготовки за модната ревија планирана за 27 септември, во рамките на париската модна недела (Paris Fashion Week), модната куќа Balmain е во трка со времето. По грабнувањето на камионот со дел од новата колекција, уметничкиот директор Olivier Rousteing изјави дека иако недостасуваат најмалку 50  парчиња, тие ќе работат непрекинато за да ја направат облеката што недостасува.

Rousteing објасни дека инцидентот се случил додека облеката се доставувала од аеродромот до седиштето на компанијата во центарот на Париз,  не спомнувајќи за кој аеродром станува збор.

Дизајнерот кој управува со Balmain од 2011 година, за кражбата бил информиран од возачот на камионот кој, инаку, е добро но, резултатот од напорната работа на целиот тим исчезнал без трага.

Balmain е меѓу над 100 брендови – вклучувајќи ги Louis Vuitton, Chanel, Saint Laurent и Dior који ќе ги покажат своите најнови креации за време на деветдневниот распоред на париската модна недела.

Во споредба со другите брендови за висока мода, Balmain е релативно нов играч. Француската модна куќа е основана во 1946 година од Pierre Balmain. Со текот на годините стана светски бренд , познат и како домаќин на влијателни дизајнери како Oscar de la Renta и Christophe Decarnin. Balmain е под контрола на катарскиот инвестициски фонд Mayhoola кој поседува и 70% од акциите во италијанската модна куќа Valentino.

Иако Rousteing не открива детали за новата колекција, неодамнешните настапи на модните писти го гледаат воглавно како реинтерпретатор на мотиви од  минатото на Balmain. Во мај, за линијата пред есента, тој ги погледна дизајните на основачот Pierre Balmain од 1960-тите и 70-тите години, како и класичните модели од архивите на брендот.

Во деновите на неизвесноста, Olivier Rousteing денес со својот информатор потсети на колекцијата на Balmain претставена во рамките на Paris Fashion Week на први март годинава. Balmain есен/зима 2023 – 2024 има четири клучни фрази:

01: Прославувајќи од каде доаѓаме, јасно можеме да видиме каде одиме.

02: „Стилот што се воскреснува, мора да се прилагоди на сегашноста“ (Pierre Balmain)

03: „Ако шевот не е сосема исправен, тоа е прашање на живот и смрт“.

04: Фокусирање на суштинското.

Во објаснувањето  Olivier Rousteing вели: „Се стремиме да се оттргнеме од секоја хипербола на модната недела и наместо тоа, го насочуваме вниманието директно на трајната моќ и единствената одржливост на безвременските дизајни создадени од најдобрите париски занаетчии„./М.М.

You may also like

Comments are closed.