Од 11-то издание на фестивалот „Cheese“ што викендов се одржа во Бра, Италија, Слоу фуд Македонија се врати со констатација дека нашата земја има на што да биде горда.

Годинешната прослава посветена на сирењето и на млечните производи ги собра мајсторите за сирење, сточарите, производителите и експертите од целиот свет: имавме квалитетна промоција на македонските сирења, вина и на традиционалната кујна, за што сведочат бројните посетители пред македонскиот штанд.

Слоу Фуд Македонија се врати со награди и признанија како доказ за посветеноста и трудот: престижната „Resistenza Casearia“ за отпор при производството на млечни производи ја доби нашиот Давид Неделковски од „Кози млеко планина“.

Нашат земја беше во центарот на внимание преку работилницата Taste Macedonija, во која професорите Слободан Чокревки и Анѓела Пасквале ги презентираа нашите гастрономски традиционални брендови приготвени од Димитар Арнаудоски и Пеце Клечкароски. На менито беа сирењата, урнебес салата, пинџур, тавче гравче со пастрма и Мијачки десерт.

Горан Алексовски, член на президиумот Македонска пчела (MacBee), во Бра го презентираше медот од неговиот пчеларник во сопското село Р’жаничино.

Македонските адути – биеното сирење од Мариово, што го произведува Спасе Чакревски, козјото од Даниел Мирчески од прилепскиот регион и овчото на Арбана Маркоска од Прилеп, исто како и македонските вина, предизвикаа огромен интерес на многубројните гости во Бра.

Претставувањето на Република Северна Македонија преку Слоу Фуд Македонија беше овозможено преку Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство а организаторот на „Cheese“е Slow Food International  и градот Бра, со подршка на регионот Пиемонте.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.