По долгогодишна работа во парфимеријата, Jean Paul Gaultier ги отвора портите на својата градина – на местото на искушение и привлечност.

La Belle Eau de Parfum на Jean Paul Gaultier претставува вистински заводлив и прозрачен еликсир за ултра сензуална и женствена жена. Парфемот La Belle е токму тоа: нова, сензуална верзија на класичниот истоимен парфем.

Тајната на моќниот шарм на новиот мирис, со кој се надополнува парфемската колекција на мирисни креации на Jean-Paul Gaultier, според соопштението, е во богатата и разновидна парфемска пирамида која, во некои од комбинациите, делува изненадувачки.


Нотите на ванила, круша и бадем се споени во миризлив танц на беладона и мошус, комбинирани со бергамот, печени зрна тонка и јасмин.
Шишето на La Belle Le Parfum е во класичниот облик на биста, симболизирајќи ја силата на сопственичката на парфемот. Розевото шише со богати бордо тонови зрачи со сензуалност која привлекува како магнет. Сепак, тоа е Jean-Paul Gaultier!/М.М.

 

 

You may also like

Comments are closed.