Германскиот луксузен бренд Hugo Boss кон иднината гледа низ радикално преиспитување на својата насока, фокусирајќи се на многу појасно таргетирање на своите два бренда, Boss и Hugo. Така Boss е сега цврсто насочен кон милениумците, на возраст од 25-40 години, додека Hugo е за купувачи на возраст под 25 години.

Извршниот директор Daniel Grieder, кој ја презеде оваа позиција во јуни 2021 година, по повеќе од 20 години поминати во Томи Хилфигер, планира да ја удвои продажбата на компанијата на 4 милијарди евра до 2025 година.
Во текот на четвртиот квартал од минатата година, продажбата се зголеми за 51 отсто на годишно ниво, бидејќи продавниците повторно се отворија по заклучувањето. Во прелиминарното издание, Boss објави продажба од 2,79 милијарди евра за целата 2021 година, 43 отсто повеќе во однос на 2020 година.
Hugo Boss AG е германска средно луксузна модна куќа со седиште во Мецинген, Баден-Виртемберг и е една од најголемите германски компании за облека, со глобална продажба од 2,9 милијарди евра,остварена во 2019 година.

Зајакнувањето на разликите помеѓу брендовите Hugo и Boss, кои не му биле секогаш јасни на крајниот потрошувач, е во срцето на стратегијата на Гридер. Boss, водечкиот бренд, е наменет за милениумскиот купувач. Во кампањата #BeYourOwnBoss, која започнува во среда, учествуваат боксерот Ентони Џошуа, раперот Фјучр и моделите Кендал Џенер и Хејли Бибер. Основните трошоци за маркетинг ќе се фокусираат на Instagram./М.М.

You may also like

Comments are closed.