Вклучувањето на медот во дневната рутина за здравје и убавина станува се поприсутно. Особено се барани суровиот мед и матичниот млеч. Суровиот мед – кој се зема директно од саќето – содржи пчелин полен, антиоксиданси и хранливи материи кои инаку се намалуваат за време на процесот на пастеризација низ која поминува обичниот мед што се наоѓа на полиците на супермаркетите. Матичен млеч, што го произведуваат пчелите за својата матица е пополн со хранливи материи.

Употребата на медот е се позастапена во негата на кожата, косата и здравјето на дигестивниот трак.


Кожа: Како природен навлажнувач, суровиот мед е високо ценет во доменот за нега на кожата. Меѓу многуте нешта, суровиот мед може да помогне да се изгради колаген – клучот за младешка кожа. Иако е погоден за употреба на сите типови кожа, тој е особено корисен за оние кои страдаат од воспалителни состојби на кожата како што се акни, егзема и псоријаза. Поради неговите хидратантни, лековити и антибактериски својства, медот може да биде моќен додаток на режимот на нега на кожата. Измешајте малку вода и мед за нежно чистење на лицето и неабразивен пилинг.
Коса: Медот може да влијае врз природниот сјај на вашата кожа, а може да го зајакне здравјето на вашата коса. Природните омекнувачки својства на суровиот мед можат да ги навлажнуваат сувите и оштетените фоликули на косата. Додека медот сам по себе не може да го стимулира растот на косата, поправката на оштетената коса со доследна употреба на производот спакуван со антиоксиданси може да помогне косата да расте долга и да биде силна.
Иако ефикасноста на медот продолжува да се истражува денес, тој почна да се појавува и во светот на здравјето на цревата како можен пробиотик. Иако медот е поприродна алтернатива во споредба со вештачките засладувачи, тој сепак е додаден шеќер, а премногу од една работа често ги исцрпува придобивките. USDA сугерира дека оптималната дневна доза мед е околу една лажица – затоа, следниот пат кога ќе сакате да го засладите вашиот чај, обрнете внимание колку мед ставате./М.М.

You may also like

Comments are closed.