Мода вестиМоден мозаик

Couture на почетокот на Дваесетите

Во животот – и во модата – неизвесноста е норма, а тоа предизвикува различни реакции кај дизајнерите. Некои се спротивставуваат со претерување и фантазија, други повторно се фокусираат на основните вредности. Glenn Martens успеа да ги направи и двете истовремено, за својот настап кај Jean Paul Gaultier!

Бидејќи на модните недели се редат едни по други, полесно се забележуваат промените во модата. Најдраматичниот развој за пролетта 2022 е оној што може да се опише како еден вид свртување кон чистото во кројот, стилот и принтот. Белата беше предмет на сезоната, имаше по еден во речиси секоја колекција, и најнезаборавните комбинирани беа елеганција и леснотија, потпирајќи се на конструкција, наместо на декорација на површината.
Ова опуштање во модата, кое ја акцентира и вклучува инклузивноста и возраста, може да се гледа како враќање на формата. Традиционално, работата на кутуриерот беше да ги задоволува потребите за гардероба од ден до ноќ на богатите жени. Некаде на патот, métier изгледаше како да стана синоним за очигледен луксуз, но магијата на модата е во конструкцијата, исто како и декорацијата на површината. Совршеноството на елеганцијата, според Beau Brummell е во личноста кој вели: За да се биде навистина елегантен, таа вусшност не треба да се забележува. Поентата е: личноста да биде во фокусот наместо облеката.
Сеќавањата на Manfred Thierry Mugler и авангардните 1980-ти можеа да се видат во силуетата со изразити колкови и острите, структурирани раменици. Ноќните идеи на Courrèges, со сребрени панталони кои блескаат на гол бронзен стомак. Нешто е во воздухот, сигурно, истакнуваат во Vogue, во освртот за модата на дваесетите.
Во Louisiana Museum на модерната уметност во Данска следниот месец се отвора изложба за Sonia Delaunay, француска модернистка активна во Années Folles./М.М.

You may also like

Comments are closed.