Café Rose е килибарнио- цветен мирис наменет за жените. Создавач на парфемот е Antoine Lie. Горните ноти на Café Rose се турска роза и кафе; средните – бугарска роза, пачули, кардамон, коријандер и Ylang-Ylang, додека во основата се темјан и сандалово дрво.

Во рекламната кампања за парфемот настапува холандската манекенка Rianne Van Rompaey, снимена од фотографот Steven Klein. За парфемот, претставен минатата недела како мирисна симфонија што есенва ќе плени, снимени е спот:

 

Рекламната кампања ја следи последната колекција на Tom Ford – за есен 2023, која претставува сублимат на неговите најголеми дизајнерски креации, создавани низ годините поминати во истоимената модна куќа.

Како потсетување: во април годинава Estée Lauder компаниите (ELC) објавија дека е финализирано купувањето на Tom Ford брендот за 2.8 милијарди американски долари. Продажбата на империјата на модната куќа за убавина и мириси, мода и додатоци е прогласена за најголем деловен потфат во модната индустрија за 2022 година, кога е и потпишан деловниот договор./М.М.

You may also like

Comments are closed.