Повеќе од сигурно е дека новите, експериментални The Bat и чевли и патики, заедничка творба на Suicoke и на Vibram, не за оние со слабо срце. Вештачкото крзно на петиците, а особено на прстите, наликува на уши на љиљак и делува навистина збунувачки. Ефектот е извонредно реалистичен, особено кога лепенките на патиките ќе се отворат и рашират во „крила“ на лилјак. Најавата што ја поткрепува приказната, може да се види на следново видео:

 

Suicoke и Vibram го направија можеби најкреативното футуристичко издание на обувки што личат на лилјаци који го „гушкаат„ стапалото на оној што ги носи.
The Bat се всушност надградба на моделот FUTON-LO на Suicoke, надополнета со вештачко крзно додека Vibram го надградува дизајнот со продолжување на обувките со својата Furoshiki конструкција, со цврста, брендирана пета. Откопчувањето е со преклоп на страните и овозможува лесно облекување. Авангардните и чевли и патики се целосно кафеави, или црни, со темно розови пруги.


Иако на париската модна недела (Paris Fashion Week), посветена на претстојните есен и зима, можеа да се видат повеќе модни додатоци со асоцијации од животинскиот свет, The Bat се издвојува со својата збунувачка оригиналност./M.M.

You may also like

Comments are closed.