Секоја сезона колекцијата на  Manolo Blahnik е негово ново патување низ време, уметност и предели. Инспирацијата добиена во уметноста, архитектура, природниот пејзаж, или, во некој од неговите омилени градови низ целиот свет, се претвора во чевели или папучи со приказна.

Така, за најновата колекција на машки чевли, намената запрвите есенски денови и ноќи, се вели дека е инспириранаод омилените лондонски места на дизајнерот. Сезонските ажурирања прикажуваат елегантни чевли од велур, кожа или свила, сите со највисоко ниво на изработка во секој детал, затоа што анаетчиството има и секогаш ќе биде во срцето на модната куќа.

Дизајнерот ја истражува и својата сакана Италија, најужниот дел на островот Пантелерија. Серијата лежерни мокасини, во смела медитеранска палета, го истакнува префинетиот и опуштен гламур на локацијата. Со совршена рамнотежа на функции и префинет луксуз, Маноло потсетува на соодветно облекување крај базенот.

За чевлите на прочуениот дизајнер се вели дека се безвременски – дека се секогаш модерни и неверојатно удобни. Оние кои ги носат истакнуваат дека и чевлите од деведесетите на Manolo можат денес да се носат  и да ги воодушевуваат своите сопственици со удобноста и со врвниот дизајн./М.М.

Деталите се на www.manoloblahnik.com

 

You may also like

Comments are closed.