Andrea Lieberman, инаку стилистка на Jennifer Lopez, своите видувања за идната модна пролет ги преточи во колекција претставена од нејзиниот бренд A.L.C. кој го гради врз основа на карактеристично кроење, како и на меките, пастелни бои и изгледи, во кои стилот е пред логоата и трендовите.
Пролетната колекција на Lieberman е во чекор со колекциите што ги видовме на пистите овој месец – со удобни костуми, широки фустани и здолништа, како и суптилни секси исечоци на изгледите. Нејзините интереси обично лежат во дотерувањето во соодветноста и пропорцијата што може да се преобликува во класично парче. Самата инсистира на ново читање на класиката, кога е во прашање нејзината креаторска определба.
Lieberman посочува и дека нејзиниот тим повеќе се фокусира на усовршување на материјалите и техниките, отколку на повторно откривање на тркалото. Клиентот тоа, без сомнение, ќе го ценат./М.М.

You may also like

Comments are closed.