Прецизното кроење и текстурниот твид се меѓу препознатливите елементи на есенско-зимската колекција на McQueen, во која класичниот костум добива современа, женствена форма. Во таа насока се издвојуваат мини и миди здолништата во комбинација со структурирани сакоа со што продолжува кројачката традиција на куќата, но со помеки пропорции и нагласена силуета.
Така костуми од волнен твид и со карактеристична текстура, чии сакоа се прецизно обликувани, добиваат здолништата што ја следат линијата на телото. Наместо строгата деловна естетика на класичниот костум, McQueen нуди изглед кој истовремено е структуриран и женствен.
Кроењето има особено значење во сезоната. Креативниот директор Шон Мекгир го продолжува интересот на куќата за прецизно обликувани силуети, потпирајќи се на кројачкото наследство на McQueen и неговата врска со традицијата на Савил Роу. Острите линии и контролираниот крој во колекцијата се поставени наспроти помеки материјали и пофлуидни вечерни силуети./M.M.


Фото: McQueen

 

Мода вести

45 години Michael Kors

Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од ...

You may also like

Comments are closed.