Мода вестиМоден мозаик

Fashion Weekend Skopje ги поврзува модата и современата уметност

Fashion Weekend Skopje

Fashion Weekend Skopje од 30 октомври до 1 ноември во Музејот на современата уметност

Fashion Weekend Skopje ја најави својата 33. сезона, настан што ќе се одржува од 30 октомври до 1 ноември годинава во Музејот на современата уметност – Скопје, во Галеријата бр. 4. Годнешното издание, реализирано со генералниот партнер УНИБанка, ја става во фокус врската меѓу модата, современата уметност и одржливоста.

FWSK33 ја поместува границата меѓу модната писта и галерискиот простор, отворајќи простор за поинакво согледување на облеката – не само како предмет што се носи, туку и како уметнички објект, скулптура и дел од поширок визуелен и културен контекст.

Во текот на трите дена програмата ќе опфати модни ревии, изложби, перформанси, јавни разговори, предавања и меѓународни проекти, со учество на дизајнери, уметници, куратори, образовни институции и културни професионалци од земјата и регионот.

Една од централните теми на 33. сезона е одржливоста, разгледувана не само како предизвик за модната индустрија, туку и како пошироко културно и општествено прашање – од начинот на создавање и користење на ресурсите до односот кон луѓето, културното наследство и иднината.

Во оваа насока е и „Wear the Change: Fashion Auction with a Cause“, иницијатива на Никола Булески, Македонското модно здружение и граѓанската организација КОНЕКТ, која ја поврзува модата со филантропијата и поддршката на општествено значајни цели.

Со програмата на FWSK33, модата повторно се поставува во поширок културен контекст, како простор во кој се среќаваат креативноста, уметноста, иновацијата, претприемништвото и заедницата.

Генерален партнер на 33. сезона е УНИБанка, официјален партнер е Perwoll, Healthy & Tasty Partner е Coach Foods, партнер за нега е Kalinka, а официјален партнер за освежување-вода е Ladna. Партнер за шминка е AURA козметика, во соработка со СУГС „Димитар Влахов“. Проектни партнери се Gordons Gin, Франк Зелен чај, Dusha Winery, ZIA Jewelry, Proud to be Rare и Аманти паста.

Fashion Weekend Skopje со 33. издание продолжува да ја развива модната сцена како платформа што ги поврзува модата и современата култура, овојпат во просторот на Музејот на современата уметност./M.M.

 

 

 

You may also like

Мода вести

45 години Michael Kors

Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од ...

Comments are closed.