Во рамките на одбележувањето на јубилејот, сто години Warner Bros, од шести до осми септември Julien’s Auctions и Turner Classic Movies ќе организираат аукција посветена на холивуските легенди.
На аукциска продажба ќе се најдат над 1400 артефатки, односно облека и предмети користени во филмовите, како и лични предмети на познати личности видени на филмските премиери.
На јавноста ќе и бидат претставени и костими, реквизити, фотографии, сувенири и артефакти произведени од познатото холивудско студио, некои за прв пат во историјата.
За прв пат ќе бидат понудени и колекционерски предмети од Humphrey Bogart и Lauren Bacall, чија љубовна врска и филмови беа олицетворение на некогаш големиот Холивуд.
Сигурно ќе предизвика интерес и фламинго-розовиот фустан на Audrey Hepburn од органза свила, од легендарниот филм Breakfast at Tiffany’s, креиран за неа од големиот Hubert de Givenchy, дизајнер и основач на истоимената модна куќа.
На јавноста и ќе бидат претставени три фустана на една од најомилените јавни личности во историјата на светот, принцезата Дијана.