Reverse – долго очекувана колекција на Ray-Ban е олицетворение на иновација и на напреден инженеринг. Со Reverse брендот ја зацврствува својата беспрекорна репутација во светот на очилата, низ комбинирање на модна естетика со врвна технологија.

По успешното лансирање на Ray-Ban Stories, легендарниотбренд го насочува вниманието кон новата колекција, насловена како Reverse. Колекцијата донесува четири унисекс стилови на очила за сонце – Aviator, Wayfarer, Caravan и Boyfriend, промовирани со познатиот италијански супермодел, Vittoria Ceretti, како заштитно лице на кампањата.

Колекцијата Ray-Ban Reverse ги надминува конвенциите во дизајнот со нова леќа, која овозможува остра слика и беспоговорна естетика.

Брендот продолжува да ги поместува границите со својата посветеност кон иновациите, стилот и одржливоста, а колекцијата Ray-Ban Reverse 2023 е доказ за непоколебливата посветеност кон создавање исклучителни наочари што ја подобруваат нивната функција, поставувајќи нови модни стандарди. Револуционерните леќи на Ray-Ban лесно преминуваат од конвексни во конкавни, ефикасно намалувајќи ги рефлексиите за дури 70 проценти.

Заедно со естетиката и со врвната технологија Ray-Ban демонстрира и силна посветеност кон одржливоста со користење на еколошки прифатливи материјали. Сериозниот пристап кон еколошката одговорност се потврдува и со 100% рециклирана амбалажа на Ray-Ban Reverse, овозможувајќи стилот и одржливоста да одат заедно./М.М.

You may also like

Comments are closed.