Есенско-зимската колекција на Elie Saab, претставена на париската модна недела е уште една потврда за неповторливиот дизајнерски талент и за бравурозната изработка која авторот го зацрствува на врвот на светските (couture) мајстори на високата мода. Секој изглед во колекцијата за сезоните 2023-24 е оригинален, свој во дизајнот, брилијантен во изработката, за и на тој начин да го претстави беспоговорното прелевање на модата во уметност.

Впечатлива е сложеноста на бесконечните везови украсени со рубини, аметисти и смарагди, додека златните и блескави кристални монистри како да танцуваат во муслинските корсети. Во таа и таква атмосфера совршено се вклопуваат машките изгледи кои инаку, ретко се гледаат во колекциите на Saab.

Модните медиуми не штедат зборови на пофалба. „Како силуети од далечното минато да се внесени во сегашноста во Elie Saab Haute Couture, колекција што едноставно хипнотизира. Elie Saab ги реинтерпретира контурите од минатото преку современ објектив, исполнувајќи ги со величественост и сталоженост.

A Glamour of Yore, е многу повеќе од модна колекција – таа поминува низ спектар на раскош и величественост„ пишува FWO.

Инспирацијата на колекцијата е црпена од филмови чие дејство е во средниот век, момент во времето кога гламурот не бил свој апогет. Сепак, Saab ги трансформира средновековните линии на силуети и наметки во драматична прослава на раскошот, се потенцира во Vogue. Кадифените фустани, освежувачки лишени од орнаменти, ја истакнаа способноста на Сааб да си поигрува со фигури кои и се додворуваат на силуетата, со меки облоги, без нужно да се препуштат на неговиот препознатлив стил на украсување.

Коментарите на социјалните мрежи го опишуваат виденото на пистата и чуствата што се создават по тој повод: „Ова не е мода.. ова е УМЕТНОСТ во својата најдобра форма; Никој не им носи повеќе достоинство на жените од Elie Saab. Прекрасна колекција; Ова е чиста брилијантност. Сè е совршенство!!

Реткост е  да ми се допаѓа секој изглед, но оваа колекција е апсолутно прекрасна!!!

Elie Saab, мој омилен дизајнеру, повторно си го направил тоа! Апсолутни ремек-дела!

Пред ревијата, зад сцената Elie Saab ќе истакне:„ Модата секогаш ќе биде начин за пренесување на женската имагинација во царството на фантазијата„. Тој став на врвниот мајстор на дизајнот на високата мода, кој е важечки за новата колекција, создаден е во 80-тите и останува непроменет, уште од основањето на неговата модна куќа во Бејрут./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.