На ревијата насловена како Трансформации свои креации прикажаа десет дизајнери од исто толку словенски земји
Љубителите на модата, креативноста и дизајнот на 52-то издание на Perwoll Fashion Week до осми ноември имаат можност да проследат бројни ревии, изложби, промоции и проектни остварувања под под слоганот GET IN THE MOMENTUM!


Ревијата Трансформации е реализирана во соработка со Форумот на словенските култури, а Белградската модна недела беше дел од српскиот тим кој го реализира овој проект. Манекенките инспирирани од етничките мотиви на нивните земји на најдобар начин ги претставија: ЈСП – Јелена и Светлана Проковиќ – Словенија/Србија, Драган Христов – Северна Македонија, Галина и Николај Бирјуков – Русија, Андреа Појездалова – Словачка, Дениса Додалова – Чешка, Јелена Холец – Хрватска, Кинга Крол – Полска, Николај Божилов – Бугарија, Ивана Муришиќ – Црна Гора и Невена Ивановиќ – Србија.
Трансформациите оживееа елементи од културното наследство на словенските земји преку чисти форми, чипки, везови и едноставни украси на преставените изгледи.


Освен ревијата, во Музејот на применета уметност во Белград одржана и презентацијата на целиот проект насловен Трансформации. Со десет авторски визии и збирки, Трансформации ги гради основите за воспоставување на долгорочна платформа за модната креативност на словенските земји како и за пристапување кон светските модни метрополи, со нивниот оригинален сензибилитет. Покрај временската и просторната поврзаност, важен момент на проектот се културната размена и соработка.

Во рамките на Модната недела отворена и изложбата на Шведскиот институт Fashion Forever, на тема одржлива мода, рециклирање, редизајн и кружна економија. Појавата на футуристичка модна индустрија обезбедува широк преглед на оваа индустрија во Шведска и претставува одржливи и одговорни иницијативи од страна на носителите на одлуки и индустријата. Иднината на модата е ориентирана кон клиентите, водена од напредни, иновативни технологии. Презентирањето на работата на шведските актери од кружната модна индустрија има за цел да инспирира позитивен развој и да иницира соработка.


За време на ова есенско издание на Модната недела, посебна атракција е маркетот BFW, кој се реализира со културниот центар Силоси (во истоимениот простор). Програмата на Perwoll Fashion Week е на следниов линк. /М.М.

You may also like

Comments are closed.