Џиновскиот фустан, дело на Hsin Min Chan, дизајнерка која штотуку има дипломирано на Академијата за дизајн во Ајндховен, Холандија, е создаден како одговор на нејзиното искуство во родниот Тајван.

Инспирација за овој, крајно необичен фустан е личното искуство на авторката, дизајнерката Hsin Min Chan. Целта на инсталацијата фустан е носителот на фустанот да го направи едновремено и видлив и недостапен.

Инсталацијата фустан е нејзиниот креативен одговор на искуството од 24-часовниот надзор, спроведен од властите во Тајван. Настанот се случил на почетокот на пандемијата, кога Академијата за дизајн Ајндховен била принудена да се затвори, а таа решила да ја напушти Холандија за да биде со своето семејство назад во Тајван.

Фустанот е дизајниран за на оној што го носи да му овозможи да биде и видлив и недостапен – сето што и било толку потребно на дизајнерката во часовите на присилниот надзор./М.М.

You may also like

Comments are closed.