Американскиот бренд за спортска облека и обувки Nike подготвува создавање низа дигитални модни производи. На крајот на минатиот месец, американската компанија поднесе седум апликации до Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД за употреба на виртуелни добра што може да се преземаат и онлајн и во виртуелни светови на интернет.

Широко препознатливото лого на брендот и логото на кошаркарот се вклучени во апликацијата, како и нејзиниот слоган Just Do It. Интересно е и што овие производи ќе можат да се користат во метаверзот, како и во апликациите на аугментираната реалност. Познатите Air Max 2090 патики ќе бидат редизајнирани од Nike за да се носат во метаверс.
Виртуелните колекции ќе можат да се продаваат како NFT.
Тоа значи дека дигиталите патики и облека ќе се продаваат како дигитални колекционерски предмети или незаменливи токени (NFT). Производите може да се идентификуваат со дигитални сертификати кои укажуваат на нивната сопственост и автентичност./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.