Најновата Adidas Ivy Park Peloton капсуларна колекција беше претставена на 11. 11 , во 11 часот претпладне. Беше таинствена до последниот миг. за да се пазари на електронската продавница на Adidas беше неопходна претходна најава, а самото купување беше ограничено во количеството.

„Најновата капсуларната колекција на Adidas ги ажурира суштинските стилови, со бои за самодоверба, овластувајќи ги сите да чекорат кон својата цел„, посочија од брендот самоуверено додавајќи дека очекуваат артиклите брзо да се распродадат, затоа што е во прашање ексклузивно издание, и дека поканата може да се користите само лично.
Оние кои успеаја да се регистрираат ги очекуваше изненадување – Beyoncé ги престави моделите на Adidas Ivy Park x Peloton колекцијата. Ефектот на Beyoncé е реален. Од партнерства за облека до повеќегодишни договори со брендови за фитнес, владеењето на Beyoncé како да нема граници – а нејзината последна соработка со Peloton е целосен доказ за тоа.
Колекцијата Ivy Park x Adidas со Peloton содржи 29 разновидни парчиња активна облека кои се едновремено и стилски и целосно функционални. Од спортски градници и хеланки до спортски панталони, јакни, шорцеви, дуксери, па дури и патики– и во шик бои: како шумско зелена, црна и светла, неонско жолта./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.