Доколку сакате полесно да заспивате – обидете се со овој едноставен напиток – чај од банана.
Потребна е една банана со кора, 500 мл. вода и мед за засладување по желба. Во текот на подготовката можат да се додадат и цимет, ѓумбир или анис.
По миењето, нелупената банана се сечка на повеќе делови, се прелева со вода и се остава на оган додека да зоврие. Се остава на тивок оган околу 15-на минути по што чајот е подготвен. Се засладува со мед – по желба.
Ако имате проблеми со спиењето, пробајте го овој интересен и едноставен чај. Бананите се богати со витаминот Б6, со што се поддржува производството на мелатонин и може да помогне подобро да се регулира циклусот на спиење. Исто така, чајот од банана е полн со калиум – одличен за здравје на нервниот систем и мускулите.
Се препорачуваат органски банани, за да бидете сигурни дека со чајот нема да внесете несакани хемикалии./М.М.

You may also like

Comments are closed.