Се ниша францускиот луксузен конгломерат Kering – останува да се види дали ќе го повлече и претседателот и извршен директор, François-Henri Pinault. – Поради продажното потфрлување на Gucci и срамниот скандал на Balenciaga, кој ја уништи продажбата, групацијата Kering е со голем пад во приходите и пред одлука за спојување.

François-Henri Pinault, газдата на Kering, е на штрек откакоGucci, водечкиот бренд на Kering, не е повеќе посакуван, особено во Кина. Влегувањето на активистичкиот фонд Bluebell во капиталот на луксузната групација, што Bloomberg го објави на 19 јули и Reuters го потврди, сериозно ги усложнуваат состојбите. Особено во услови кога еродира пазарната капитализација на Kering.

Активистичкиот фонд Bluebell, кој презеде удел од помалку од 5% во Kering, деновиве поднесе барање за промени во групацијата и спојување со швајцарскиот Richemont.

Според повеќе извори, вклучувајќи го и Le Monde, раководството на активистичкиот фонд веќе имало средбасо менаџментот на Kering, за да се побараат подобриоперативни перформанси, особено оние на Gucci (који сочинуваат половина од продажбата на групацијата и речиси две третини од нејзината оперативна маржа). Побарани се и организациски промени и преземања, како и спојување сошвајцарската група Richemont.

Познавачите на состојбите досега не веруваа во спојување, дотолку повеќе што семејството Pinault сака да ја задржи контролата врз луксузната групација, како најголем акционер на Kering, преку холдинг-компанија Artemis, која поседува 42% од капиталот и 59,3% од гласачките права. Минатиот мај и Johann Rupert, извршен директор на Richemont, откри дека пред две години се спротивставил на спојувањето со Kering.

Се почна кога продажбата во Kering групацијата забележа пад за 7% во четвртиот квартал лани, откако нејзиниот најголем бренд Gucci беше силно погоден од нарушувањата на пазарот во Кина, а Balenciaga беше заглавена во падофилски скандал.

Падот на продажбата на Gucci и бесот на потрошувачите поради злоупотреба во прикажувањето на деца во рекламите на Balenciaga (за кои сеуште нема утврдена одговорност и судски епилог) доведоа до сериозно намалување на приходите на групацијата.

Францускиот луксузен конгломерат Kering SA соопшти дека нејзиниот најголем бренд, Gucci, забележа пад од 14% во споредливите продажби, делумно поради пандемискитеограничувања што беа во сила во Кина. Kering објави и пад на продажбата во истиот период за 4% во сегментот „други брендови“, кој ја вклучува Balenciaga.

Luca Solca, виш аналитичар за консултантската компанија Bernstein, ги нарече перформансите на Керинг “muted”. Gucci претрпе пад на органскиот раст од 15% , во продажбата на мало. Другите куќи, повлечени од скандалите на Balenciaga – претрпеа вкупен пад од 4%, наспроти очекуваниот пораст од 5%, вели Solca.

Коментирајќи ја состојбата условена со падот на приходите, претседателот и извршен директор на Kering, François-Henri Pinault, вели дека останува оптимистичен: „Покрај предизвиците со кои се соочија некои од нашите куќи, ние сме убедени дека ја следиме вистинската стратегија на долг рок“, рече тој. „Нашите 47.000 вработени споделуваат силна претприемничка култура, како и вредности на одговорност и ангажман. Не се сомневам дека 2023 година ќе биде уште една година на успех за нашите куќи и на раст за нашата групација, заклучи Pinault.

Сепак, поради неповолните продажни трендови, идејата за спојувањето сега не изгледа невозможна – условите ги менуваат и ставовите и одлуките./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.