По козметика, облека и уметнички дела, дојдено е времето за NFT алкохол!

Domaine du Coquerel, задолжена за познатото нормандиско бренди Calvados, штотуку ја лансираше својата најнова креација: GÉNÉRATIONS, првиот  Calvados што се продава во NFT. Според соопштението, иновативната иницијатива означува вистинска револуција во светот на пијалоците, со смело комбинирање на дигиталната уметност и традиционалното знаење.

Идејата на Domaine du Coquerel со лансирањето на новиот производ во NFT е да се направи нов вид промоција и претставување на прочуениот нормандиски бренди, пред неговата есенска дистрибуција.

Имено, иако веста за новиот GÉNÉRATIONS Calvados сега еобјавена, до септември тој нема да може и да се проба како пијалок. Во тек е само продажбата на NFT GÉNÉRATIONSCalvados, во традиционална, но и во криптовалута. Вљубениците во блокчејн и потенцијалните купувачи ќе можат да го разменуваат на пазарот InterCellar, фирма позната во светот на вината, алкохолните пијалаци и NFT.

Според соопштението, GÉNÉRATIONS е специјално издание кое ја симболизира историјата и наследството на производителот. Во ограничено издание, од само 86 шишиња, се одава почит кон 86 години постоење на компанија во која е споено занење и умеење од три последователни генерации на семејството Martin./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.