Елеганцијата на камелијата во полн цут претставува и  инспирираа на Chanel за нивната  за есен-зима 2023  кампања. Креативната директорка на брендот, Viržini Vijar, ги преведува овие цветни чуда на природата  во волшебна комбинација на јакни од твид, миди здолништа и модни детали со мотиви од камелијата.

Зборувајќи за камелијата како честа инспирација а модната куќа таа вели дека цветот е многу повеќе од тема, нешто како вечна ѓифра на брендот.

Зимскиот цвет блеска во новите дизајни во длабочините на темно сивите и црни нијанси, повремено мешајќи ги  со живописни розови и црвени боји.

Во однос на аксесоарите, колекцијата ги фаворизира ракавиците од тантела, слоевитите ѓердани и чанти кои исто така ги истакнуваат деталите.

Освен оваа кампања Chanel неодамна ја претстави и колекцијата за пред есен 2023 година во која камелијата е повеќе од цвет – таа е и икона и  лекција по историја и храбар скок кон иднината на модата.

Кампањата е снимена од фотографското дуо Inez & Vinoodh и во неа Loli Bahia е олицетворение на безвременска привлечност./М.М.

https://www.chanel.com/hu/fashion/collection/fall-winter-2023-24/

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.