Шафранот, кој се нарекува уште и кралски зачин помага при анксиозност и депресија, има антиканцерогени својства, го регулира нивото на холестерол и триглицериди, го чува здравјето на очите, штити од слободните радикали, ги ублажува менструалните проблеми и помага при многу проблеми со кожата.

Иако е најпознат како зачин, се користи и за медицински цели, а поради специфичната жолта боја се користи и како природна боја во прехранбената индустрија.

Шафранот е исклучително ценет зачин кој се користи речиси во целиот свет. Симбол е на мудроста и богатството -и материјално и духовно.

Зачинот шафран е познат уште од времето на Месопотамија, пред 5000 години, а се спомнува и во Библијата. Името го добил од персискиот збор za’faran, што буквално значи „биди жолт“.

Шафранот (лат. Crocus sativus) се добива од растение од семејството Iridaceae кое има кратка сезона на цветање – само три недели годишно. Процесот на производство на овој зачин е макотрпен, па затоа се смета дека е најскап зачин во светот.

Вообичаено е за зачин да се користи толчникот, а листовите за медицински цели.
Шафранот има долга историја на медицинска употреба, па дури се споменува и во најстарите ајурведски списи.

Чајот од шафран се користи за лекување на депресија. Истражувањата покажаа дека редовното консумирање на овој чај, како и на самиот зачин, поттикнува чувство на среќа. Истражувањата потврдуваат дека неговиот антидепресивен ефект е споредлив со Прозак, бидејќи го зголемува нивото на серотонин во мозокот.

Шафранот има антиканцерогени својства – супстанците кроцин, шафран и пикрокроцин го спречуваат растот на канцерогените клетки. Овој зачин го зајакнува имунитетот и ја продолжува виталноста. Неговата состојка сафранал е моќен антиоксиданс кој се бори против слободните радикали – соединенија одговорни за стареењето на клетките.

Овој зачин помага во лекувањето на атеросклероза, артритис и астма.

Шафранот го подобрува видот и успешно ги неутрализира најчестите причини за слаб вид и слепило кај постарите лица.

Шафранот се користи за подобрување на циркулацијата и за лекување на модринки. Го регулира и нивото на холестерол и триглицериди во крвта.

Шафранот ги ублажува предменструалните тегоби и ги смирува болките во стомакот.

Се користи како лек против бубрежни заболувања, го регулира варењето, ја елиминира главоболката, мигрената и вртоглавицата.

Ги ублажува грчевите, а може да се користи и како диуретик.

Ефикасен е и во лекување на акни, брадавици и други кожни проблеми.

Иако истражувањата покажаа дека шафранот е многу лековит, се препорачува да се зема само во мали количини – до 200 mg на ден./М.М.

You may also like

Comments are closed.