Како што светот на убавината станува се повеќе насочен кон целосно природни, холистички решенија, сосема е нормално со векови старата акупунктура на лицето да стане главен третман.

Традиционалната акупунктура третира неколку здравствени проблеми, но при користење на акупунктура на лицето, придобивките се повеќе насочни. Имено, акупунктурата на лицето го подобрува здравјето и изгледот на кожата на лицето, вратот и градите преку балансирање на енергијата на телото, или Чи, што може позитивно да влијае на различни здравствени состојби како: дигестивни проблеми, хормонална нерамнотежа и нарушувања на спиењето.

Акупунктурата на лицето е третман на кожа кој вклучува вметнување ситни стерилни игли во одредени делови од лицето за да се подобри протокот и циркулацијата на крвта. Лиценцираниот акупунктурист вели дека козметичката акупунктура на лицето може да ги третира фините линии и брчките, опуштеноста на мускулите на долниот дел на лицето, губењето на волуменот на кожата, темните кругови под очите и потеченоста. Ова се козметичкитепридобивки, додека акупунктурата на други делови од телото може да го подобри општото здравје или симптомите на одредени медицински состојби.

Акупунктурата на лицето  подразбира вметнување на20 до 50 ситни игли за еднократна употреба за енергетско поврзување на мозна неурамнотеженосткоја предизвикува специфични проблеми поврзани со кожата или возраста. Иглите помагаат да се балансира Чи, или изворот на енергија на телото, за подобрено здравје на кожата преку промовирање на циркулацијата, протокот на енергија и производството на колаген и еластин.

Откако ќе се стават иглите неколку милиметри длабоко во кожата – поплитко околу очите и челото, иподлабоко во пределот на вилицата – тие останат таму до 30 минути додека мирувате (сесијата трае околу еден час, откако првин се чисти лицето).

 

Една од најзначајните придобивки од акупунктурата на лицето е подобрување на протокот на крв во ткивата и кожата, што може да го промени изгледот на кожата — понекогаш и веднаш. Има и омекнување „ресетирање“ на ткивото кое е предмет на прекумерна употреба на мускулите и напнатост со текот на времето.

Акупунктурата на лицето може да го минимизира појавувањето на брчки и фини линии со зголемување на производството на колаген и еластин, преку микротрауми направени со игли. Иглите помагаат во тонирање и затегнување на мускулите на лицето за да се подобри контурата на лицето и да се подигне опуштената кожа. Зголемената циркулација јаоксигенира кожата, давајќи и младешки сјај.

Повторените третмани со акупунктура на лицето можат да помогнат во лимфната дренажа, односно да се елиминира акумулацијата на токсини и вишокот течности, за да се намали отокот и круговите под очите и да се подобри квалитетот на кожата.

Акупунктурата на лицето е добра опција за оние кои бараат природна алтернатива на медицинските третмани против стареење. Тоа е исто така одлично за некој кој не сака филери или ботокс. Акупунктурата на лицето дава природен, но избалансиран младешки изглед, бидејќи ништо не се инјектира во лицето.

Ефектите за измазнување на брчките на ботоксот и акупунктурата на лицето не се огледална слика еден на друг. За разлика од ботоксот, козметичката акупунктура на лицето го подобрува здравјето и виталноста на кожата и на основните ткива, длабоко го релаксира нервниот систем за да влијае на секојдневниот живот и го подобрува квалитетот и функцијата на системите на внатрешните органи.

Третмани исто така функционираат поинаку. Ботоксот се потпира на токсините за да ја запре комуникацијата со мускулите за ефект на замрзнување на брчките; акупунктурата ја зголемува циркулацијата и ја движи енергијата.

Доколку имате нарушување на коагулацијата на крвта, историја на епилепсија, сте бремени или земате средства за разредување на крвта, треба да го избегнувате третманот, односно претходно да се посоветувате со докторот./М.М.

You may also like

Comments are closed.