Инспириран од шведската фолклорна култура и на летните народни обичаи, креативниот директор на Max Mara, Ian Griffiths, викендов во Стокхолм го претстави своето Cruiseшоу за 2024 година.

Претставената колекција, насловена како „Septem Flores“ (Седум цвеќиња), упатува на нордиските народни приказни који моделите ги оживуваа шетајќи со цветни венци, плетени шари од снегулки од Fair Isle и везени ракави.

Ian Griffiths прави модно пресликување на летните народни обичаји, како оној – на ставањето на седум видови цвеќиња под перницата, за да се сонува идниот сопружник. Цветниотпринт на долги фустани, туники и кошули од органза, ја оживуваат визијата на Griffith. Дополнувањето напоставеното модно расположение е и суптилна почит кон Selma Lagerlöf, шведската писателка и прва жена добитник на Нобеловата награда за литература во 1909 година.

Max Mara отсекогаш бил водечки бренд кога е во прашање оддавањето почит кон успешните жени со прогресивните погледи, како и легендите од који Selma Lagerlöf била инспирирана.

Сепак Septem Flores е колекција верна на модерниот начин на животот на младите жени. Тоа го потврдуваат неочекуваните украси, големите манжетни, ресите и одврзаните вратоврски – за успешно вградување на младешкиот дух на колекцијата. Свежината на презентацијата на Cruise 2024 е нов предизвик за брендоткој предизвика интерес кај младите жени. Модното шоу е на следниов линк: https://world.maxmara.com/editorial/resort

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.