Вчера вечер во Бугарија, во Варна – Златни песоци, се одржа изборот за убавина за деца и тинејџери Little Miss&Mister Planet и Miss&Mister Teen Planet за 2023 година.

Во конкуренција на Little Miss Planet победи нашата Нина Црнокрак (11 години), а во конкуренција на тинејџерки од 15 до 18 години, нашата држава ја претставуваа сестрите Дебора(15) и Лаура (17 години) Стефанови. Дебора ја освои титулата Прва придружничка, а Лаура титулата Мис талент.

Сите три се членки на Модното студио Црнокрак, кое веќе 10 години ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина. Во жири комисијата, меѓу останатите национални директори и познати личности, се најде и Светлана Црнокрак.

Нина, Лаура и Дебора на финалето, што се одржа во хотелот Асториа – Златни песоци, се претставиja во модели на Јасмина Дракул, специјално изработени за оваа пригода./М.М.

You may also like

Comments are closed.