
Колекцијата Magda Butrym x H&M е промовирана на гламурозен настан исполнет со цвеќиња во Њујорк на кој, според соопштението од брендот, присуствуваа и Iris Law, Nara Smith, Irina Shayk, Amelia Gray и Chloe Sevigny.
Розата, карактеристичен симбол на стилот на Магда Бутрим, е во срцето на нејзината колекција за H&M. Во чест на оваа долгоочекувана соработка, дизајнерката и H&M го трансформираа One Hanson Place во Бруклин во простор исполнет со цвеќиња.
Настанот и соработката јасно ја изразуваат длабоката поврзаност на Магда со нејзините корени. Секоја облека од колекцијата носи отпечаток на нејзиниот словенски дух, давајќи им на моделите автентичност и нежна романса. Вечерта вклучуваше настапи на Charlotte Lawrence и Kelela, како и диџеи сетови на Soo Joo и Fifi.
За да се нагласи поврзаноста на Магда со инспиративните жени и нејзината потрага да создаде безвременски дизајни кои ја нагласуваат женственоста, колекцијата не беше претставена на традиционална модна писта, туку оживеа преку самите гости. Nara Smith носеше еден од главните модели во колекцијата, краток црвен фустан со карнери што потсетува на букет рози. Irina Shayk беше облечена во елегантна црна јакна со чиста линија. Amelia Gray избра црн горен дел од растеглив материјал со впечатлив детал на јаката, споен со долго здолниште во ист стил. Valentina Sampaio носеше впечатлива бургундска кожна јакна и Chloe Sevigny еластичен мини фустан со култната шема на рози на колекцијата.
Меѓу гостите кои исто така презентираа изгледи од колекцијата беа и: Gabbriette, Giulia De Lellis, Fil Xiao Bai, Alison Toby, Ana Rujas, Leonie Hane и Karolina Ościk-Alama кои носеа фустани со тантела и светки, јакни со принт од рози и еластични ансамбли.
Беше голема чест да ја видам колекцијата на толку многу неверојатни жени вечерва. Отсекогаш сум била инспирирана од силната и самоуверена жена, а вечерва беше посебна прослава токму за тоа, се вели во пригодната изјава на Magda Butrym.
Продажбата на колекцијата Magda Butrym x H&M започнува на 24 април, на hm.com.