Целта на колекцијата е да ги вкрсти традиционалните и паганските мотиви. Настојува да ги инспирира набљудувачите да ја прифатат традицијата и паганизмот во нашето секојдневие, наместо да го отфрлаат во корист на западните глобалистички трендови.

Зачетокот на колекцијата „Црна Лирика“ лежи во интимната врска на нејзиниот дизајнер со неговите детски спомени од руралната средина во која е израснат. Овие спомени во прв план ја доведуваат симфонијата на словенскиот паганизам и поетската инкантација на древното словенско вештерство. Со примената на темни тонови и органски силуети,колекцијата стреми да пробуди чувства на интроспекција, со цел да се поврзе набљудувачот и/или носителот со неговите или нејзините древни корени. Ова поврзување со сопствените корени, кое зависи од усното народно пренесување на културата, традицијата, и народни слики во лирска форма е исто дел од клучната инспирација за колекцијата „Црна Лирика“.

Во словенската култура се застапени разни форми на вештерство, како резултат на цврстите културолошко-пагански корени. Примери за ваквите појави се жените врачарки, бајачки, божиќните традиции, итн. Преку овие форми на ритуал во современиот фолклор, словенските народи остануваат поврзани со нивните пагански корени.  Голем дел од застапените пагански ритуали и не се директно поврзани со религијата. Голем дел од жени и мажи оделе кај врачарки правејќи магијски обреди за одредена цел ( љубов, плодност, смрт, среќа, несреќа).

Материјалите во колекцијата „Црна Лирика“ се со светкава и сјајна текстура. Колекцијата е составена од црно-сребрени тонови кои симболизираат мистичност, елегантнција и морбидност. Металот е присутен поради застапеноста во многу древни словенско-пагански ритуали. Српот е додаток присутен како елемент кој е воедно и духовен. Во словенската паганска култура, жените врачарки верувале дека со српот можат да ја покосат душата или клетвата на одредена личност за време на ритуал или баење, како што селаните ја косат жетвата.

Исто така, присутни се модели кои потсетуваат на магионичар со цел да се образложи дека во словенскиот вештерски свет често биле присутни и мажите. Целта на оваа колекција е да ги вкрсти традиционалните и паганските мотиви. Паганските тенденции остануваат дел од магичниот реализам на современата култура. „Црна Лирика“ како колекција се стреми да ги инспирира набљудувачите да ја прифатат традицијата и паганизмот во нашето секојдневие, наместо да го отфрлаат во корист на западните глобалистички трендови.

Со прифаќањето на сопствените корени, ќе формираме можност да ги смениме општествените норми, со оглед на тоа дека поради овие пракси голем број на луѓе имаат страдано во средниот век. Колекцијата „Црна Лирика“ исто така има за цел да ги потсети луѓето на интимната врската помеѓу човекот, природата и традицијата.

You may also like

Comments are closed.