Утре вечер, деветти јуни, со почеток од 21 часот, во средното училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски„ од Скопје ќе биде отворена традиционалната Завршна годишна изложба.
Во галеријата на училиштето, како и низ сите училишни атељеа, младите уметници ќе се претстават со свои дела: слики, мозаици, графики, цртежи, скулптури, керамики, потоа дигитални дела, видео клипови и анимации.
Настанот ќе биде збогатен и со модна ревија на одделот за текстил и облека. Петнаесетина креации на учениците, создадени под менторство на проф. Елена Вангеловска ќе се претстават на црвениот тепих поставен во училишниот двор.
Настанот ќе биде збогатен и со музички настап на култниот Охридски Backdoor band./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.