Во празничната рекламна кампања на Balenciaga се слики на деца који држат кадифени чанти- играчки во фетиш облека. – Вирален твит тврди дека брендот снима контроверзни кампањи токму поради бурни реакции, а дека пред секоја ги брише своите страници на социјалните мрежи, за да одбегне коментари, оценки и мислења.

Balenciaga објави официјално извинување откако беше на удар на критики за кампањата што неодамна ја објави за празничната сезона. Имено, нивната линија Objects е објавена со слики на који се модели деца, со играчки- чанти, облечени во BDSM опрема.
Покрај реквизитите користени во снимањето, корисниците на социјалните мрежи побрзаа да истакнат дополнителни детали за кампањата. Вирален твит забележа дека фотосесијата е „интересна“ и „вклучува многу намерно лошо сокриен судски документ за „виртуелно детско порно“. По зумирањето, откриено е и дека хартиите што се користеле како реквизити за снимањето се од Врховниот суд во 2008 година, во случај, САД против Вилијамс, кој се фокусираше на сексуална злоупотреба на деца.


Кампањата е симната од сите платформи на Balenciaga, а на Инстаграм Stories е издадено и нивно официјално извинување:
„Искрено се извинуваме за каква било навреда што може да ја предизвика нашата празнична кампања. Нашите плишани мечки чанти не требаше да бидат претставени со деца во оваа кампања. Веднаш ја отстранивме кампањата од сите платформи. Се извинуваме што прикажуваме вознемирувачки документи во нашата кампања. Ја сфаќаме оваа работа многу сериозно и преземаме правни мерки против страните одговорни за создавање на сетот и вклучување на неодобрени ставки за нашата фотосесија на кампањата за идната пролет. Силно ја осудуваме злоупотребата на децата во каква било форма. Се залагаме за безбедност и благосостојба на децата“.
Ова соопшение наиде на негативни коментари од типот : Како тоа никој, од многуте луѓе во Balenciaga кои ги виделе сликите пред да бидат објавени, не помислил дека е несоодветно дете да држи фетиш чанта-играчка?
Слични, па и поостри се и реакциите за документите снимени во заднина на рекламата, односно, изразен е отворен сомнеж дека станува збор за случајност./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.