Својата најнова колекција, подготвена за носење за пролетта 2023, модната куќа Proenza Schouler ја промовира пред одбележувањето на јубилејот – две деценији постоење на брендот.

Модните дизајнери Jack McCollough и Lazaro Hernandez по тој повод создадоа четириесетина, по многу нешта оригинални изгледи, надополнети со екстравагантни модни додатоци.

За латино влијанието, преставено преку бескајните карнери на ракавите, или, на ѕвонарките, како и за издолжените силуети Lazaro Hernandez им едноставно објаснување: Се навратив на мојот латино идентитет – јас сум од Куба!

Моделите изгледаа и како дело на дизајнери кои би сакале да го повикаат и задржат пролетното чуство колку што можат повеќе – дури и тогаш кога есента полека заминува, пред да им отстапи место на студените зимски денови.

Зборуваме и за радоста, сензуалноста – за работи кои понекогаш чувствуваме дека се изгубени во нашите животи, а се обидуваме да најдеме начин да ги вратиме, изјави за медиумите пред ревијата McCollough.

Дваесет години не се мала бројка и прашање што се наметнува е како да се одржува енергијата на создавањето и радоста поради сето потоа? За оваа колекција, тоа е соработката со занаетчии – ткајачи од Боливија. Биле ангажирани половина година на изработка на дел од моделите од колекцијата и поради тоа, посочуваат дизајнерите, биле многу среќни./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.