Мода вестиМоден мозаик

VTMNTS: облека за оние кои разбираат квалитет и вредност на занаетчиството

VTMNTS

Целта на VTMNTS: е редефинирање на традиционалното поимање на луксузот, за следната генерација. VTMNTS е бренд за луѓе кои носат облека за себе, а не за други, за оние кои немаат што да докажуваат, за оние кои не сакаат да носат огромни логоа и да врескаат каква марка носат, за оние кои го разбираат високиот квалитет и вредноста на занаетчиството.

Vetements, модна марка основана првин во Цирих, а од неодамна и во Париз, објави  видео, наречено Secret Project, со линк до приватна Инстаграм страница.

Освен повикување на името на проектот – VTMNTS, не се објавени други информации.

Vetements, основан како модна куќа за секојдневна машка облека од браќата Guram и Demna Gvasalia во 2014 година, кога се поставија на пазарот, наводно го напуштија брендот, оставајќи голем прашалник за иднината на брендот.

VTMNTS

Кога Demna лани одлучи да се откаже од своите  дизајнерски должности во Vetements, за да се фокусира на Balenciaga, брендот го навести својот претстоен проект во соопштението за јавноста: „100 изгледи ја претставуваат нашата 100 % посветеност кон оваа индустрија“.

Во VTMNTS Guram е и основач и креативен директор и тоа е сестринска етикета што треба да се смета за посебен идентитет, дури и ако е поврзана со име, деловна активност и основач. Модата е во сличен дух со Vetements: секојдневна улична облека за млад, урбан, унисекс клиент. Забележително е отсуството на големи кројачки зафати и на лого објави на облеката.

VTMNTS

На Инстаграм објавата, на Vetements страната, брендот објаснува: „VTMNTS е за сите родови, длабоко вкоренет во традиционалната машка облека. Идејата за традиционално лого е избришана и заменета со баркод – елемент за потпис на VTMNTS, што ќе го препознаат само оние кои го знаат.

Дебитантската колекција, наречена ХХХ, содржи разнообразна облека како кожни јакни, атлетски тренерки, ролки без ракави и буци чевли на гумен ѓон од Dr Martens. На облеката се и графички пароли, бар код, како и заменките. HE/HIM, SHE/HER, THEY/THEM./M.M.

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.